ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

октомври 11, 2022
1 min read

По повод 82-годишнината од почетокот на антифашистичката борба во Македонија, делегации од Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ, Здружението на грѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани како и претставници од париите Левица – Кочани, СДСМ – Кочани и ВМРО ДПМНЕ – Кочани, положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на спомен-бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, во „Паркот на Револуцијата“, а Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ и на споменикот на Никола Карев.

„Празнувајќи го 11 Октомври, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание. Овој ден ja бележи пожртвуваноста на македонскиот народ, како и сите храбри борци и херои кои го дадоа својот живот за слобода и за создавање на самостојна и независна држава. Да ја чуваме сувереноста и независноста на нашата татковина. Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание“ – стои во честитката на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

С. Ивановски