Не поминаа ниту две години од реновирањето на Градскиот трговски Центар во Кочани а денес истиот е во очајна состојба.
Расфрлан смет на сите страни, извалкани новите поставени плочни, скршени плочки, создавање мали диви депонии, сето тоа е секојдневната слика со која се среќаваат жителите на околните згради.,
Расфрланиот смет е последица на сите оние кои до доцните часови остануваат во него, извалканите нови плочки се последица на хигиеничарите која откако утринава ќе ги исчистат кафулињата полните вреќи со што ли уште не, ги влечат по платото оставајќи нечиста трага. Скршените плочи, па веќе тоа сите го гледаме ама не сакаме да го видиме.
Општината егзистира од сите угостителски објекти и редно е да се позанимава со овој проблем кој од ден на ден е се поголем.
Време е за поставување надзорни камери.
С. Ивановски