Почитувани,
Од мое лично име и од име на Општина Кочани, на сите припадници на влашката заедница им го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желби за благосостојба, просперитет и успех во негувањето на влашката култура и традиција.
Придонесот на Власите во севкупниот општествен живот на Македонија е значаен, за што изразувам искрена благодарност и почит.
Да продолжиме и понатаму заеднички да создаваме иднина темелена на заемна почит и доверба, сплотени во различностите, но единствени во остварување на заедничките цели.
Нека е честит Денот на Власите!
Општина Кочани