ТИМОТ НА МАКБОТ ПИОНЕРИ ДОСТОЈНО ГО ПРЕТСТАВИ УЧИЛИШТЕТО, НАШИОТ ГРАД, НАШАТА ДРЖАВА

мај 23, 2023
1 минути

Со многу емоции, незаборавни искуства, спомени од прекрасно поминати денови, дружби со деца од цел свет од различни култури, стекнати нови пријателства, тимот на МакБот Пионери се врати од Светско првенство во склоп на First Lego League, кое од 18 до 21 мај се одржа во Маракеш- Мароко.

На првенството учествуваа 66 тима од 54 држави од цел свет, а нашиот тим се пласира на 15 место во севкупна конкуренција. Горди сме со нашиот успех особено поради тоа што конкуренција ни беа многу јаки тимови како Јапонија, Германија, Франција. Докажавме дека и ние можеме да се носиме со зададените предизвици и да постигнеме успех.

Уште еднаш голема благодарност до Општина Кочани и сите наши сограѓани и фирми кои ни помогнаа да го доживееме тој натпреварувачки дух и достојно да го претставиме нашето училиште, нашиот град, нашата прекрасна земја и култура.

СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ