ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

мај 23, 2023
0 минути

Скромно и достоинствено, учениците и наставничкиот кадар од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и неколку општински делегации со положување на цвеќе на бистата во дворот на училиштето го одбележаа патрониот празник на училиштето  а воедно и Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј.

Делегации од Општина Кочани, од ОУ „Св.Кирил и Методиј“, Сојузот на борците од НОВ, ОО на СДСМ – Кочани, ЗГ „Јосип Броз Тито“ и ученици од училиштето положија свежо цвеќе и им се поклонија на сесловенските просветители.

Чествувањето ќе продолжи во вечерните часови кога во холот на училиштето ќе се одржи свечена академија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ