ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

април 20, 2023
1 минути

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до верниците од исламската вероисповед, во која се вели:

Почитувани,

Во пресрет на големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, oд мое име и од името на Локалната самоуправа ви го честитам празникот на сите верници од исламската вероисповед во Кочани.

Нека овој празник донесе мир, спокој, радост, хармонија во домовите и семејствата.

Верувам дека со заеднички заложби и меѓусебно почитување ќе градиме меѓучовечко разбирање и подобро општество за сите граѓани.

Честит Рамазан Бајрам!

 Љупчо Папазов

Градоначалник на Општина Кочани