ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – КОЧАНИ

април 20, 2023
1 минути

Би сакале да ве известиме дека ученикот Давид Димитров, ученик во второ одделение во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани по втор пат го освои  првото место на Светскиот математички натпревар кој оваа година се одржа во Дубаи.

Ученикот Давид Димитров на 28.01.2023година се натпреваруваше во конкуренција на 20.603деца од 84-држави и притоа го освои шампионскиот трофеј . Овој шампионски трофеј свечено му беше доделен на 09.04.2023година. Ученикот Давид Димитров  овој шампионски трофеј на свтското првенство по математика го освојува по втор пат , имено тој на ова меѓународно натпреварување учествуваше и во 2022година и тогаш како и денес го освои првото место во конкуренција од 23.537деца од 72-држави во светот.

Во оваа прилика ние како училиште сакаме јавно да му го честитаме овој голем успех на нашиот ученик Давид Димитров и воедно да му посакаме и во иднина да постигнува вакви врвни резултати со кои освен што ќе се промовира самиот себе како врвен математичар, ќе го промовира и ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани ,  Општина Кочани и нашата држава на светско ниво.

Со почит

Даниел Кралев

Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ