ЧЕТИРИ ГОДИНИ БЕЗ КОЧАНСКАТА МУЗИЧКА ИКОНА – КАНГО

март 26, 2022
0 min read

Четири години поминаа откако помеѓу нас не е една од Кочанските музички икони – Канго.

Го нема физички на музичките настани, на читањето поезија, на забавите во Градскиот Трговски Центар, на седенките во паркот, но неговиот немирен и освежувачки дух кој сега му недостасува на Кочани е уште присутен, и ќе биде присутен во „градот на оризот“.

Легендите не умираат, легендите вечно живеат меѓу народот, а Симеон Иванов – КАНГО  е токму таа наша Кочанска легенда.

Вечна ти слава ЛЕГЕНДО. Недостасуваш.

С. Ивановски