ГОДИНЕШНАТА ГРАН ПРИ НАГРАДА „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ ЗА ОРКЕСТАРОТ „ОСОГОВСКИ ИЗВОР“ ОД ОРИЗАРИ

јули 2, 2023
1 минути

На годинешниот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој се одржа во саботата во село Долнени Општина Прилеп, Гран При наградата му беше доделена на оркестарот „Осоговски извор“ од Оризари, Општина Кочани.

Оркестарот на изворни инструменти „Осоговски извор” од Оризари, Општина Кочани претставува продолжение на истоимениот оркестар кој се појавува под ова име уште во минатиот век а кој го сочинуваа добро познатите Браќа Стојанови. Денес го сочинуваат млади музичари кои на професионален план ја негуваат македонската изворна музика од реионот на Осоговските Планини.

Покрај инструменталните изведби застапено е и машкото двогласно пеење кое е карактеристично за овој регион. Оркестарот има остварено неколку самостојни концерти како во земјава така и во странство.

Успехот го потврдуваат признанијата кои ги добива онаму каде што настапуваат како и овациите од страна на публиката.

С.  Ивановски