Филип Митев, Никола Димитров, Тихомир Велков и Божидар Трајчов, играчи на „Фудбал Старс“ од Кочани – генерација 2010 со своите настапи го свртеа вниманието на фудбалските вљубеници.
И сето тоа не остана незабележано од фудбалските скаути напротив деновиве со нив и нивните родители е разговарано и тие од есенскиот дел на првенството ќе играат во нова средина.
Имено, четворицата од следното првенство ќе ги бранат боите на „Академија Пандев-Брера“ и ќе се натпреваруваат во Супер лигата за млади категории, односно ќе настапуваат во лигата за помлади пионери генерација 2010 година.
Тие веќе се запишани во училиштето во спортска паралелка и според договорот од самото училиште ги следува сместување во интернат и обезбедени три оброка
Четирите големи фудбалски потенцијали во новата средина ќе бидат под тренерската палка на Тони Атанасов.
Талентот го имаат што веќе е видено, останува на нив да работат и само работат а резултатите сами по себе ќе си дојдат.
Им посакуваме многу успех во новата средина.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ