ДВОДНЕВНА ОБУКА ЗА ТРЕНЕРИ ОД БОРЕЧКИТЕ КЛУБОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во Спорт
јули 1, 2023
1 минути

Во организација на Боречката Федерација на Македонија за време на викендот во Кочани ќе започне реализацијата на проектот „Развој на националниот спортски систем“ чиј домаќин е Боречкиот клуб „Спартак“ а истиот е поддржан  од МОК (Македонски Олимписки Комитет) и (UWW) Меѓународната боречка федерација.

Обуката опфаќа два дела, првиот е теоретскиот дел кој се одржува во Ресторан „Аледар“, додека вториот, практичниот дел ќе се реализира во салата за борење каде ќе земат учество младите борачи, членови на БК „Спартак“.

Обуката опфаќа десет сесии со теоретска и практична настава кои ќе се спроведуваат во период од една година а на кои ќе бидат обучувани 21 тренер од Македонските боречки клубови.

Задолжен за обуката е лиценцираниот предавач од UWW Ѓорѓи Сретков, инаку познат и признат Бугарски боречки стручњак.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ