ПРОЛЕТНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА „ОСОГОВО“ ПРЕД ДОМАШНАТА ПУБЛИКА

Во Спорт
март 10, 2023
1 минути

Во Недела со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од 13-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Екипата на „Осогово“ го игра првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната откако во првото пролетно коло беше слободен поради напуштањето на лигата на „Победа“ од Валандово. Гости на „жетварите“ ќе имбиде незгодната екипа на „Малеш“ од берово која секогаш во своите редови имала играчи за почитување.

Второпласираното „Овче Поле“ ги пречекува академците од Чешиново-Облешево, додека во Пробиштип гостува екипата на „Спартмани“.

Во Карбинци доаѓаат „рибарите“ од Дојран, а во Струмица „Брегалница сениори“ откако обезбеди средства за котизација ќе го игра првиот пролетен натпревар.

Во 14-тото коло се среќаваат:

„Осогово“ – „Малеш“

„Тиверија“ – „Брегалница сениори“

„Карбинци“ – „Дојранско езеро“

„Рудар“ – „Спартмани“

„Овче Поле“ – „Академија Чешиново-Облешево“

Слободна во ова коло е екипата на „Вардарски“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ