Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Бучим“ денес во Радовиш се одржа „Државното првенство во борење У-23“.
Екипата на „Спартак“ предводена од тренерот Влатко Соколов на првенството настапи со девет борачи кои на крајот освоија четири медали од кои една сребрена и три бронзени. Останатите пет борачи се задоволија со освојување на петите места.
Второто место и сребрен медал освои Стефан Штерјов (61 килограм) додека третите места и бронзени медали освоија: Дамјан Крстов (57 килограми), Благоја Тасевски (61 килограм) и Бојан Гигов (74 килограми).
Драган Глигоров (57 килограми), Петар Лазаров (74 килограми), Филип Горгиев (74 килограми), Петар Иванов (86 килограми), и Бојан Горгиев (92 килограми) се пласираа на петото место во своите категории.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ