ПСК „ОСОГОВО“ ГО РЕАЛИЗИРА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ

Во Спорт
јули 15, 2024
0 минути

По повод Петровден, со поддршка од Општина Кочани, ПСК „Осогово“ од Кочани го изведе традиционалниот планинарски марш до врвот Китка (1903 м) на Осоговските Планини.

Појдовната точка беше од манастирот „Еленец“, кај Македонска Каменица. Планинарите се движеа по обележана патека од средно лесна категорија и за шест часа поминаа вкупно 14 км во двата правца.

На дружбата во манастирскиот комплекс „Еленец“ ПСК „Осогово“ им додели благодарници на учесниците и помагачите на 17. Петровденски марш, а благодарници добија и најмладиот и највозрасниот учесник на маршот.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ