ЧЕТВРТАТА СЛИКА ПОДАРОК ОД БЛАГОЈ ЗАШОВ ЌЕ ГО КРАСИ „МУЛТИКУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР“ ВО КОЧАНИ

октомври 4, 2022
1 минути

Како дел од програмата на годинешната манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“ за утре (Среда) е најавена промоција на книгата „Солзите на сестра ми“ од авторот Лилјана Зашова.

Промоцијата ќе се одржи во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани со почеток во 12:00 часот.

Токму престојот во Кочани семејството Зашови ќе го искористи на Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папзов да му подари една уметничка слика, дело на познатиот сликар Мајкл Клоз која ќе го краси „Мултикултурниот центар“ во Кочани.

Инаку ова е четврта уметничка слика која Благој Зашов ќе ја подари на Општина Кочани, откако претходно веќе подари три кои го красат просторот на ОУ „Раде Кратовче“, СОУ „Љупчо Сантов“ и Библиотека „Искра“.

Кој е авторот на овие уметнички слики Мајкл Клоз?

Мајкл Клоз е сликар со македонско потекло роден на 14 август 1954

година во Торонто- Канада. Во 1977 година се здобива со диплома од ONTARIO College of Art, една од најстарите и најпознатите сликарски школи (Академии ) во Канада. Школувањето го продолжува на Универзитетот во GVELF i RAERSON

Политехничкоит институт за дизајн. За сите овие години сликарството е неговата преокупација, но исто така долги години работи како уметнички директор, дизајнер и сценограф на филм, телевизија и театар.

Мјкл Клоз досега има реализирано околу 130 самостојни национални и интернационални изложби и голем број групни изложби. Да наведеме само неколку од земјите: Канада, САД, Франција, Германија, Белгија, Турција, Романија, Египет, Русија (Москва, Сталинград, Астрахан, Зима, Сајанск) Соломонските острови, Виетнам, Украина, Казахстан… Некои од излозжите како

сто се излозбите во Романија и (Стразбур) Франција беа организирани под покровителство на Амбасадата на Република Македонија во соодветните земји во кои како Амбасадор беше почитуваниот амбасадор Благој Зашов.

Сликарот Мајкл Клоз и неговата сопруга Менка Клоз (историчар на

уметноста, по потекло од Охрид) и нивните ќерки Александра и Мелани, скоро повеќе од 20 години работат заеднички на Проектот со наслов СЛИКАРСТВОТО НА ПАТОТ ДО ХУМАНОСТА, кој е поврзан со идејата: сликарството да биде користено за поврзување на сите народи во светот без разлика на нивната национална припадност религија или културна традиција.

С.  Ивановски