НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“: РЕЗУЛТАТИ ОД ГОДИНЕШНИОТ КОНКУРС ЗА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА

февруари 18, 2022
1 минути

Почитувани медиуми,

Ја користам прилика за информирање на пошироката јавност за овогодинешната програма на Националната установа – Центар за култура “Бели мугри “ – Кочани.

Годинава љубителите на културниот живот ќе бидат сведоци на разновидни културни манифестации во секаков облик.

Од национален интерес во културата Во 2022 година за ЦК “ Бели мугри “ се одобрени 20 проекти поделени во 5 различни дејности, односно износ од 1 252 000 денари … буџет кој ни е зголемен четирикиратно и со скоро 50 проценти повеќе проекти за разлика од минатата 2021ва година.

Центарот за култура и покрај ограничувањата на простор од реконструкцијата која е во тек, ќе го искористи својот капацитет во целост и ќе овозможи нашите сограѓани да уживаат во разновидноста .

Проекти:

3 во областа на драмската дејнист

2 сценско музичката дејност

3 во фолклорната дејност

3 во библиотечната дејност

9 во областа на визуелните уметности архитектура и дизајн

Она што е исклучително важно да се знае дека Центарот за култура “Бели мугри “ влезе и годинава во големата програма за инвестиции а тоа значи со реконсрукцијата ќе се продолжи.

15 милиони денари е износот кој е издвоен за ова и се надеваме дека до крајот на оваа година салата ќе биде во ново руво , а ние како и претходно домаќини на најголимите збиднувања , со сигурност.

НУ ЦК „Бели  мугри“ – Кочани

в.д. Директор, Ана Поп Михаилова