Дваесет шахисти од Кочани одиграа седум кола по Швајцарски систем од по 10 минути на четвртиот по ред Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ кој Шаховски Клуб „Кочани“ го организираше во знак на сеќавање на некогашниот нивни натпреварувач а подоцна и Претседател Тодор Милосиев – Тошо.
Шахистите од различни генерации меѓу кои и четири ученика од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ одиграа доста интересни и содржајни партии.
По седумте одиграни партии со 6 освоени поени победник на годинешниот турнир е Ванчо Стаменков, Второто место му припадна на Гоце Ѓоргиев а третово на Бошко Стаменковски кои освоија по 5 поени. Пет поени освоија и Милчо Стефановски и Владо Јовановски но според Бухолц правилото беа одредени второпласираниот и третопласираниот.
Тројцата најуспешни од организаторот на турнирот добија плакети кои им ги врачија Марија Георгиева и Ленче Србиноска ќерки на Тодор Милосиев – Тошо.
Турнирот со своето присуство го збогатија и Венко Крстевски в.д. Градоначалник на Општина Кочани кој воедно и го прогласи за отворен, како и Воислав Мерџаноски – Претседател на Шаховската Федерација на Македонија и Зоран Стојчевски, член на УО на Шаховската Федерација на Македонија.
Турнирот одлично го организираше шаховскиот Клуб „Кочани“ – Кочани, а покровител на истиот беше Општина Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ