ДОЗВОЛЕНО ЛИ Е ПОСТАВУВАЊЕ НА ВАКВА ОГРАДА ВО ОБЈЕКТ НАМЕНЕТ ЗА ДЕЧИЊА?

октомври 6, 2022
0 минути

Детскиот парл во близина на „Летната сцена“ позади ДК „Бели мугри“ во Кочани почнува да го добива новиот изглед.

Најпрвин беше направен ископ на стопи, а потоа истите се покријат со бетонски слој за да деновиве повторно биде обележан делот каде беа стопите.

Дознаваме дека токму на тие места ќе бидат поставени играчките во новиот детски парк кој треба да добие и гумена подлога.

Сепак денес нешто бодеше во очо, а тоа е дрвената ограда која беше поставена околу просторот во кој треба да никне новиот парк. И ништо необично но сепак од лица на кои тоа им е струка а кои се во пензија јавно поставија прашање, дали на објекти наменети за дечиња треба да се поставува ограда со зашилен горен дел. Истакнаа дека на изглед е убаво но и тоа дека во нивниот работен век такво нешто законот не дозволувал.

Кој знае можеби сега има некои нови закони според кои ваквите одредби се одамна отфрлени.

Токму ваквиот податок е искористен во насловот на текстот „Дозволено ли е поставување на ваква ограда?“.

С.  Ивановски