„Chupino Vertical“ е трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км висинска разлика во должина од максимум 5 км со дозволена отстапка од 5-10%. Tрката е со должина од 5000 метри и висинска разлика од 1030 метри.
Стартот беше во центарот на с. Блатец, а финишот на врвот „Чупино“ без временско ограничување.
Ангела Величкова член на КПС „Осоговски Орел“ – Кочани во конкуренција од 32 учесници во женска конкуренција од Македонија и странство го освои одличното 3-то место.
КПС „Осоговски орел“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ