НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО КОЧАНИ СЕ СОЗДАВААТ ИДНИТЕ ТЕНИСКИ ШАМПИОНИ

Во Спорт
август 25, 2024
1 минути

Од неодамна на  тениските терени во Спортскиот Центар „ЗОРИК“ во Кочани почна да работи  школата за тенисери.

Под будното око на тренерот Христијан Митевски, пет дечиња двапати седмично по час и половина помилуваат на тениските терени. Дека тренинзите се интересни зборуваат насмевките на идните тениски шампиони.

Иво, Лука, Инес, Николија и Милица внимателно ги слушаат советите на тренерот и се трудат секоја негова замисла да ја претворат во реалност.

Убаво е кога децата уште од најрана возраст ќе покажат интерес за некој спорт, а уште поубаво ќе биде доколку продолжат со години да се занимаваат со истиот, бидејќи тоа е гаранција за создавање на идните шампиони.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ