Се одиграа натпреварите од второто коло од Трета Фудбалска Лига – Исток. Екипата на „Овче Поле“ продолжува да „гази“. Ако во првото коло како гости си поиграа со екипата на „Карбинци“ денес иста судбина ги снајде и играчите на „Чешиново“. Светиниколчани како гости со нова петка во мрежата на домаќинот и со три бода во џебот заминаа дома.
Во Берово домаќините повторно без постигнат гол, но за разлика од првото коло кога и мрежата ја сочуваа денес не беа така успешни па „рибарите“ од Дојран со уловени три бода заминаа од Малешевијата.
И на третиот натпревар одигран во Пробиштип домаќините не и се израдуваа на победата, во натпревар на две просечни екипи мрежите мируваа.
Резултати од 2 коло:
„Малеш“ – „Дојранско Езеро“ 0:1
„Чешиново“ – „Овче Поле“ 2:5
„Рудар“ – „Карбинци“ 0:0
Третото коло се игра следната недела.
С. Ивановски