ДАЛИ ГЛАВНИОТ СУДИЈА НА НАТПРЕВАРОТ ИМ СКРАТИ ДВА БОДА НА КОЧАНЧАНИ?

Во Спорт
март 1, 2025
1 минути

Не е пракса да се започне еден извештај од спортски настан а да во главна улога биде судијата. Епа денес и тоа правило е прекршено бидејќи она што ние а и сите гледачи на трибините го видоа  е дека главниот судија на натпреварот „Осогово“ – „Кожуф“ Ристе Сејменов од Струмица покажа како не треба да се дели фудбалската правда.

Се играше 32’ кога последниот одбранбен играч на гостите киксираше, Марио Симоски ја прифати топката, излезе сам пред гостинскиот голман Борче Картов и кога се обидуваше и него како последна пречка да го помине беше фаулирам, пенал за сите на стадионот освен за Сејменов, Залудни беа протестите на домаќините кога судијата си остана на својата одлука. Во 72’ домаќините повторно бараа пенал откако ударот на Давид Ристовски заврши во раката на еден гостински играч, но Сејменов покажа само корнер. На Судиската комисија при ФФМ е меродавна, треба добро да ја прегледа комплетната снимка од натпреварот па да донесе свој заклучок, вака лесно можеше да дојде до инцидент по кој сигурно теренот ќе беше суспендиран а на главниот виновник на сето ова немаше ни влакно од главата да му фали.

Но да се вратиме на самиот натпревар во кој домаќините имаа повеќе од играта но не успеаја да дојдат до победата што од судиските неправди што од што немаа спортска среќа.

Во 1’ ударот на Жоглев од слободен удар гостинскиот голман го исфрли во корнер, Во 23’ по ударот на Симоски топката заврши покрај самиот десен дирек во гол-аут, а во 70’ слободниот удар на давид Ристовски Картов го одбрани кога со прекрасна интервенција ја исфрли топката во корнер.

Пто да се каже за гостинската екипа која никогаш послабо не одиграла еден натпревар во Кочани. Од почетокот се бранеа но и премногу симулираа валајќи се по теренот со што ја рушеа играта на домаќините. Иако повеќе имаше преќини отколку игра првото полувреме беше продолжено само за 2 а второто за само 5 минути.

Резултати од 18-тото коло:

Осогово – Кожуф  0:0

Вардар – Скопје  2:0

Вардарски – Детонит Плачковица  1:4

Каменица Саса – Брегалница  4:0

Новаци – Борец  1:1

Победа – Македонија ГП  2:1

Башкими – Аресими  2:1

Охрид – Беласица  2:1

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ