ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ПРВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „КРАЛИ МАРКО“

јуни 10, 2023
1 min read

Во организација на Клубот за боречки спортови и рекреација „7-ми мај“ од Прилеп, денес во „градот херој“ во Спортската сала „Македонија“ се одржа Меѓународниот турнир во борење за момчиња и девојчиња „Крали Марко“. На турнирот зедоа учество 95 борачи  од сите клубови во Македонија, два од Косово и еден клуб од Бугарија. Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани учествуваше со четири борачи кои ги предводеше тренерот Влатко Соколов.

Даријан Павлев иако на турнирот настапи една категорија повисоко (62 килограми) отколку на  досегашните настапи, успеа да ги совлада сите свои противници и да го освои првото место. Во истата категорија Павел Темелков заврши како трети.

Останатите двајца натпреварувачи Петар Лазаров и Филип Горгиев кои настапија во категоријата до 74 килограми мораше да се задоволат со освојување на петтото место.

Кочанското борење на турнирот го збогатија и судиите Гоце Ангелов и Игор Христов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ