ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – 21. ИЗДАНИЕ ЗА ЕКИПАТА НА „АУТО ВЕЛТ“

Во Спорт
јули 12, 2023
0 минути

Вечерва на повеќенаменското игралиште во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со одигрувањето на малото и големо финали и официјално се спушти завесата на годинешното 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Победни и освојувач на наградниот фонд од 60.000 денари и порипана на екипата на „Ауто велт“ која во доста интересен но на моменти и остар натпревар ја совладаа екипата на „Фичобарбер Шери казино“ 3:0 (2:0). Натпреварот започна со претпазлива игра на обете екипи, но и во таква игра беа создадени неколку шанси за погодок. Кон средината на полувремето за само две минути играчите на „Ауто велт“ постигнаа два погодока и влегоа во една помирна завршница, но фо финишот од првиот дел беше досуден пенал за „Фичонарбер шери казино“ кој не беше искористен. Во второто полувреме гледачите видоа попретпазлива игра на „Ауто велт“ која љубоморно го чуваше водството а од контра напади се обидуваше да дојде до нов погодок. И се случи, кога кон средината на вториот дел ушт еднаш ја затресоа мрежата на противникот со што победникот беше решен. Сенка на добриот натпревар фрлија неколку поостри стартови од обете страни, но за среќа натпреварот не премина во грубости па заврши со заслужена победа на „Ауто велт“.

Во малото финале екипата на „Рели“ беше подобра и во двете полувремиња и сосема заслужено со 4:1 (2:1) го совладаа „Амфенол“ и ја освоија третата награда.

На крајот беа прогласени и најуспешните.

Наградата за „Најдобар стрелец“ со 11 постигнати погодоци му припадна на Тоше Манов од екипата на „Фичобарбер Шери казино“. Признанието „Најдобар голман“ му припадна на Далибор Митров (Ауто велт), а за „Најдобар играч“ на турнирот беше прогласен Кристијан Блажев (Ауто велт).

Инаки првопласираната екипа „Ауто велт“ доби ваучер од 60.000 денари, второпласираниот „Фичобарбер Шери казино“ 30.000, додека „Рели“ како третопасирана екипа на турнирот доби ваучер на 15.000 денари.

Годинава за прв пат беше доделена и награда за „Најдобар млад играч“ која ја обезбеди фамилијата на прерано починатиот наш сограѓанин Благоја Апостоловски – Баки. Братот на Благоја Апостоловски – Баки, дание наградата му ја врачи на Филип Јованов од екипата на „Рели“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ