ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, „КОЧАНИ“ ГИ ОБЕЗБЕДИ СПАСОНОСНИТЕ БОДОВИ?

Во Спорт
мај 20, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 20-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Девојчињата на Кочани  го совладаа својот директен конкурент за зачувување на прволигашкиот статус и сега се со предност од два бода, кои според распоредот треба да бидат доволни Кочани и следната кодина да гледа прволигашки фудбал.

Денес кочанчанки едноставно ја разбија просечната екипа на Борец која за време на целиот натпревар не упати ниту еден удар кон домашниот гол. „Кочани“ славеше со 5:0 (1:0) (Андреа Донева 28’59’, Бумбароска Теодора 53’70’, Стојаноска Викторија 79’) а доколку напаѓачите беа поконцентрирани пред противничкиот гол велешанки ќе си заминеа со една дузина голови во мрежата. Но времињата се менуваат, двата некогашни шампиони дојде ред во меѓусебен дуел да одлачуваат кој од екипите ќе замине во втората лига.

Дерби натпреварот во Струмица не даде победник, мрежите мируваат а со овој резултат се чини дека веќе е познат шампионот во годинешното првенство.

Во Струга девојчињата на „Скопје 2014“ со убедлива победа заминуваат дома. Речица многу подобра од „СЦ Истатов“ а лидерот „Љуботен“ со убедлива победа го затвори колото.

Резултати од 20-тото коло

„Кочани“ – „Борец“  5:0

„Ас Јунајтед“ – Скопје 2014“  1:4

„Речица“ – „СЦ Истатов“  4:0

„Љуботен“ – „Шкендија“  12:1

„Тиверија“ – „Каменица Саса“  0:0

Слободна во ова коло беше екипата на „Деспина“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ