КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРОДАЖБА НА МАРИХУАНА И АМФЕТАМИН

јуни 15, 2022
0 минути

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.В.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против М.З.(22) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 14.09.2021 во село Оризари, кочанско, првопријавениот му продал марихуана и амфетамин на второпријавениот, по што овозможил трето лице да употребува од неа.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР