ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“ ВО МРАК

септември 13, 2024
1 минути

Како што не информираат наши сограѓани, петти ден во вечерните часови дел од Булеварот „Тодосија Паунов“ е во потполн мрак.

Особено реагираат жителите кои пеш ја користат оваа делница.

„Живееме во атомските згради и навечер кога си одиме пеш од градот мораме да одиме по темни тротоари бидејќи од кружниот тек кај некогашното шумство па се до нашиот дом улицата е потполно во мрак. Сите плаќаме улично осветлување и помалку зачудува однесувањето на надлежните. Иако се информирани до денес ги немаше никаде а почнаа и викенд деновите така да и следните вечери ќе биде улицата во мрак. Замислете ова се случува во дваесет и први век, срамота“ беше изјавата на еден наш сограѓанин.

Никому навистина не му е јасно што се случува. Ако е некаков дефект требало до сега да се отстрани а доколку е штедење на електрична енергија тогаш на овие жители не треба за овој месец да им се наплатува улично осветлување.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ