ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ОД СВР ШТИП – СЕ ПОЧЕСТИ ПРИЈАВИ ЗА ИЗМАМА СО ИЗНУДА

април 21, 2022
1 минути

Извесен период во дневниот билтен на СВР Штип сведоци сме на пријави за измами што ги, кои се најмногу насочени кон повозрасните лица. Начинот на измама e со телефонско јавување на измамниците кај постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека нивните син или ќерка предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор или, пак, дека нивни блиски се повредени или загинати и пари се потребни за лекување и сл.

Има и такви случаи кога измамниците ги доведуваат во заблуда оштетените дека телефонски разговараат наводно со сопственото дете, кое со вознемирен глас им кажува да прават тоа што се бара од нив.

Притоа, измамниците ги наведуваат оштетените за кусо време да ги обезбедат бараните парични средства, кои ќе бидат преземени од сторителите. Од оперативни сознанија на СВР Штип измамниците на ист начин функционираат и во Бугарија, Албанија Косово, Србија и другите земји во регионот.

Затоа, Секторот за внатрешни работи веќе во неколку наврати апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат информациите пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците, а сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

Како резултат на преземените мерки и активности од страна на Министерството за внатрешни работи дел од овие пријавени случаи се веќе расчистени и поднесени се кривични пријави од страна на секторите за внатрешни работи за што веќе информиравме во дневните билтени

СВР-Штип.