ДЕМАНТ ОД ВАСЕ АЛЕКСОВ СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ НА СООПШТЕНИЕТО НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

јануари 18, 2022
1 минути

Водени од мислата и желбата од штабот на СДС секого да нападнат и оцрнат, не престануваат со конструкции и пуштање лаги во јавноста. Бидејќи сега јас сум им целта, само накратко ќе им одговорам.

Кога во 2008 година бев отпуштен од работа, се обидов да не бидам товар на општеството, па со поддршка од Владата на Република Македонија направив фарма за одгледување ноеви за кое користев субвенции од државата и од Европските фондови за поддршка. Токму за тие потреби беше изграден тој објект.

За моето тврдење сведоци се граѓаните на Кочани, кои секојдневно и организирано доаѓаа да ги гледаат и посетуваат ноевите, а вакви организирани посети имаше дури и од училиштата.

Но како и многу други, така и мојот проект не заврши успешно и истиот пропадна.

Од 2012 година плацот беше запуштен и обраснат со дрвја, капини и секакви други растенија и шут, сѐ до минатото лето кога превземав работни активности сѐ со цел плацот да го исчистам и израмнам. Единствената градежна активност ми беше опшивање на постоечкиот објект со лим, за да не се распаѓаат гредите.

Најважно од сѐ е дека постоечкиот објект не е граден сега, но тие сега го виделе, бидејќи сум им трн во око.

Со почит,

Васе Алексов