ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ – ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД КОЧАНСКО

март 27, 2024
1 минути

Вечерва во венчалната сала во Кочани Цветан Трипуновски дополнителен заменик за земјоделство во Владата на Република Македонија оствари средба со  со земјоделците од Кочанско и останатите околни општини.

На средбата на која освен земјоделци од овој дел на регионот присуствуваа и  пчелари, риболовци и ловџии, Трипуновски ги претстави програмските одредби на ВМРО ДПМНЕ со со цел да се унапреди земјоделството во Република Македонија.

„Она што може да го констатирам од досегашните средби во овие региони е дека имаме сериозни проблеми од типот на водостопанството кое е нефункционално, земјишната политика и неисплатените субвенции. Практично она што требаше власта изминативе 7 години да го спроведе и да го подобри македонското земјоделство имаме ситуација каде гледаме дека од ден на ден е се полошо. Сакам да упатам порака дека за месец и половина од денеска ќе завршат изборите и она што го има ВМРО-ДПМНЕ како сериозен план и програмски определби ќе се реализира, а тоа значи враќање на македонскто земјоделство и достоинството на земјоделецот“ рече Трипуновски.

Истакнувајќи дека поради намалување на површините под оризова култура, поради доцнење со водоснабдувањето како и поради намалување на приносот и пласманот на ориз, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери во Собранието донеле заклучок дека е потребно да се преземат сите неопходни мерки, да се поминат сите собраниски филтри со што оризот би се ставил на листата на производи за создавање на стокови резерви.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ