ДЕНОВИ НА МЕДОТ, 27 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА И КВАЛИТЕТНИ ПРОИЗВОДИ

октомври 20, 2024
1 минути

Во организација на Пчеларското здружение „Матица“, од Кочани Во саботата и неделата  во „Паркот на револуцијата“ во Кочани по 27- ми пат се одржа манифестацијата „Денови на медот Кочани 2024“.

За разлика од минатите години годинава понудата иако беше мошне квалитетна сепак факт е дека мал број на излагачи имаше во Кочани. Според некои малото присуство на излагачи е поради причината што неодамна имаше иста ваков саем во Битола, а според други што во Кочани овој настан се совпадна со традиционалниот „Кочански панаѓур“ каде  посетеноста беше задоволителна.

Излагачите се пожалија дека посетителите не купувале како изминатите години. Дали  интересот кај населението е  намален за овој квалитетен производ или пак цената на медот за нив е висока анализите ќе покажат.

Но како и да е традицијата по 27-ми пат е сочувана.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ