ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ – КОЧАНИ ОДРЖА ТРИБИНА ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАКОТ НА ДОЈКАТА

октомври 27, 2022
1 минути

Во организација на Форумот на жени на СДСМ – Кочани вечерва во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани под мотото „Ќе го победиме со меѓусебна поддршка и едукација“ се одржа трибина за рано откривање на ракот на дојката.

Пред присутните свое обраќање имаа Прим. Д-р Драгана Могилевска – Груевска и Претседателот на Форумот на жени на СДСМ – Кочани м-р д-р Душанка Горгиева Трпевски која воедно беше Модератор на трибината.

Горгиева Трпевски откако ги поздрави присутните во салата и ја најави трибината меѓу другото рече: „Сите знаеме дека ракот на дојката е малигно заболување кое е во постојан пораст особено последните две децении. Карактеристично за него е што може да се јави во секоја животна возраст, и е една од двете најголеми причини за смрт од малигни заболувања кај жените. Форумот го сочинуваат лица од понежниот пол па затоа во месецот на одбележување и превенција на ракот на дојката Форумот на жени на СДСМ одлучи сериозно да пристапи кон едукација на жените преку рана негова детекција и преди се негова превенција се со цел за поголема заштита на жените и победа на овој вид на карцином. Ја користам оваа прилика јавно да и се заблагодарам на примариус доктор Драгана Могилевска Груевска која освен секојдневната работа во Општа болница – Кочани најде време и можност да биде вечерва со нас за да на еден  подетален начин се задржи на темата за која и се собравме“.

С. Ивановски