За време на викендот продолжија натпреварите во Прва Пингпонгарска Лига.
Пингпонгарите на „Кочани“ во двете кола што беа на програмата претрпеа исто толку порази. Најпрвин беа поразени од екипата на „Струга“ 1:4 а потоа и од екипата на „Крушево“ со 2:4
И во двата натпревари кочанчани настапија без двајца натпреварувачи кои го „одработуваат“ карантинот.
Иако ППК „Кочани“ навреме ја информираше федерацијата и побара одложување на натпреварите нивното барање не беше прифатено па затоа и поразите беа неминовност,
С. Ивановски