ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ ГОСТУВААТ ВО ВЕЛЕС

Во Спорт
ноември 18, 2022
1 минути

За време на викендот се играат натпреварите од Прва Фудбалска Лига за жени. На програмата е 9-тото коло а девојчињата од Кочани осоколени по освоениот бод против „Шкендија“ со оптимизам патуваат во Велес.

Инаку дерби натпреварот се игра во Македонска Каменица каде гостува мошне добрата екипа на „Тиверија“.

Двојки за 9-тото коло:

„Борец“ – „Кочани“

„Скопје 2014“ – „Ас Јунајтед“

„СЦ Истатов“ – „Речица“

„Шкендија“ – „Љуботен“

„Каменица Саса“ – „Тиверија“

Слободна е екипата на „Деспина“

С. Ивановски