На 9 октомври 2025 година, четврток во 12 часот, во ЈОУ Библиотека „Искра“, ќе се реализира 50. издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“. На поетскиот конкурс темата на овогодинешното јубилејно издание е посветена на 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, и со свои поетски твоеби учествуваат ученици од неколу општини. По тој повод, во соработка со училиштето за цртање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани, ќе се реализира ликовна работилница за декоративно пишување.
Со почит,
ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ