ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛК „КОПНЕЖ“ СО ПОВИК ДО НЕКОГАШНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КЛУБОТ

мај 17, 2023
0 минути

Претседателот на Литературниот клуб „Копнеж“од Кочани Раче Мицов, испрати допис до нашата редакција во кој се вели:. „Почитувани возрасни и повозрасни членови на ЛК „Копнеж“ кои од разни услови го „заборавиле“ клубот да се вратат на своите места.

Со своите творби и песни, препораки и искуства да му дадеме подршка и позитивна енергија на клубот и покажеме на младите љубители на пишаниот збор да дојдат во клубот и покажат своите емоции, желби и способности.

Во убавините на поезијата, прозата и афоризмите да уживаат што повеќе граѓани на градот и општината.

Ви благодарам на вниманието !

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ