ДИВИТЕ КОПАЧИ СЕ ВРАТИЈА НАД БРАНАТА „ГРАТЧЕ“?

октомври 30, 2021
0 минути

Наш сограѓанин ни испрати неколку фотографии од м.в. Градиште кое се наоѓа меѓу „Голема Река“ и „Мала Река“ над браната „Гратче“.

Како што се гледа од приложените фотографии по се изгледа копачите по потрага најверојатно на злато повторно се имаат вратено на овој простор.

Во Општина Кочани немаат никакви сознанија дека нешто е пријавено за да се добие дозвола да се копа, а истото се однесува и на роднокрајното одделение при библиотека „Искра“ кои појаснуваат дека нивната последна активност била во 2018 година.

Добрите познавачи на ваквите прилики посочуваат дека се работи за т.н. диви копачи кои постојано бараат некое закопано злато.

Во целиот овој случај малку е и чудно што иако тоа е по сеизгледа копано подолг период како никој не ги забележал копаите и истите не ги пријавил на надлежните служби.

Како тргнало со копање двете реки кои го полнат „Гратче“ во блиска иднина нема да бидат разделени.

С. Ивановски