ДО КОГА „КУТРИТЕ“ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЌЕ ГО ЗАГАДУВААТ ВОЗДУХОТ И ЌЕ ТРОВАТ НАСЕЛЕНИЕТО?

февруари 17, 2024
0 минути

Само што добивме неколку фотографии од наш читател направени во близина на селото Бање, односно, како што пишува направени веднаш после последниот мост кон Кочани.

И овој пат „уметничко“ дело на кој знае по кој пат на кутрите земјоделци кои никогаш не се задоволни од цената на оризот ама секогаш најдат начин да стигнат до субвенции и да си продолжат со палење на стрништата, со што го загадуваат воздухот и едноставно го троват населението.

И додека самоволието на одредени поединци продолжува со палење на стрништата, надлежните како мува да не ги лази, не се заинтересирани да реагираат без разлика што и тие го дишат тој загаден и полн со отровни честитки воздух.

Но, на надлежните не треба да им се замерува за индолентноста бидејќи на прагот сме на нови изборни циклуси а тие сметаат дека поентата на животот е политиката а не чистиот воздух за дишење.

Нека продолжат „кутрите“ земјоделци и понатака да се забавуваат со загадувањето на воздухот а надлежните нека си молчат, па кој ќе има „корист“ од сето тоа времето ќе покаже.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ