ИЗГАСНАТ ГОЛЕМ ПОЖАР НАД ОРИЗАРИ

септември 22, 2023
0 минути

Попладнево во 14:45 часот во Територијалната Противпожарна Единица во Кочани  е пријавен за голем пожар кај местото „Поленик“ над Оризари.

Од Територијалната Противпожарна Единица од Кочани е интервенирано со  11 пожарникари и 5 возила а во гаснењето учествувале и 10 доброволци со 1 возило од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани, како и 2 возила со 6 пожарникари од Виница.

Од пожарот била зафатена површина од 10 хектари а истиот е изгаснат во 19:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ