НЕ МОЖЕ ДЕЛ ОД КЛУПИТЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ОДМОР

ноември 2, 2023
0 минути

Голем дел од поставените клупи од двете страни на  Кочанска река не може населението да ги користи. Особено тоа се однесува за клупите кои се поставени под дрвјата.

Причината се гулабите и другите птици кои ги запоседнале крошните на дрвата така да клупите се преполни со фекалии, па минувачите кои сакаат да се одморат мора да постават на клупата нешто што ќе ги заштити.

Дали треба да се чекаат дождови за да сето тоа се доведе во ред или служби од комуналното претпријатие ќе можат тоа да го отстранат е прашањето кое ни го поставуваа додека ги фотографиравме клупите.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ