ДОГОВОРЕН ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА ПЕТОК ВО 10 ЧАСОТ, ОД ПАРКОТ ДО ЗП КОЧАНИ

август 10, 2023
0 минути

Членовите на иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите во износ од 3.600 денари, денеска одржаа консултативен состанок, на кој се договорени активностите поврзани со протестите на локални ниво и генералниот протест закажан за 14 август во Скопје.

Претставниците на кочанските пензионери во меѓувреме одржаа состанок со иницијаторите на петочниот протест, заради координација на активностите и заедничко дејствување во насока на остварување на основното барање.

Притоа, договорено е на 11.август, петок, сите пензионери да се соберат во „Паркот на револуцијата“, од каде организирано ќе се упатат кон здружението на пензионери на Кочани, од каде ќе се упатат заклучоците и барањата до надлежните институции во државата.

Освен тоа, постигнат е договор со заеднички сили да се бара поддршка од Здружението на пензионери од Кочани, од Општината и од локални фирми, да се обезбедат средства за автобуски превоз на пензионерите до Скопје, заради учество на протестот.

Всушност конечните заклучоци и барања ќе бидат дефинирани по утрешниот протестен марш, кога претставници на пензионерите истите ќе ги соопштат пред медиумите.

ИО на ЗП на Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ