Продолжува трендот на донации за ЈЗУ „Општа болница со проширена дејност“ – Кочани. Во текот на денешниот ден пристигнаа специјални торби кои ќе се користат за Итна медицинска помош како и кревети на расклонување кои исто така ќе се користат во возилата за Итна медицинска помош Како што дознаваме најавено е дека во блиско време ќе присѕигнат и други донации.
„ЈЗУ Општа болница со проширена дејност изразува благодарност до UNITED MACEDONIAN DIASPORA за денешната донација која е наменета за потребите на Итната медицинска помош“ – изјавија од ЈЗУ Општа болница со проширена дејмост – Кочани.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ