ДПД – КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПРВ РОДЕНДЕН

септември 19, 2022
1 минути

Доброволното противпожарно друштво Кочани во саботата го одбележа својот први роденден од основањето.

Денот беше исполнет со целодневна програма меѓу која беше изведена показна вежба со поддршка на ОО Црвен Крст – Кочани, презентација на противпожарно возило и опремата на ДПД Кочани, настап на ОМУ „Ристо Јуруков“, музичко-забавна програма за најмладите жители на градот заедно со ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ и „Амичи“, како и музичка програма во остатокот на денот и вечерните часови со локални музички изведувачи.

Во склоп на одбележувањето на роденденот на ДПД Кочани, митрополитот Брегалнички, г. Иларион го освети домот на доброволното друштво кој се наоѓа во кругот на ТППЕ Кочани.