ДПД „КОЧАНИ“ НА ДВОДНЕВНА ОБУКА ОРГАНИЗИРАНА ОД РУСКИОТ ХУМАНИТАРЕН ЦЕНТАР ВО СРБИЈА

август 18, 2025
0 минути

Седумчлена екипа од ДПД Кочани од 15 до 17 август присуствуваше на дводневна обука во организација на Рускиот хуманитрен центар во Србија и ДВД Стефан Синџелич од Ниш.

Обуката се состоеше од три дела Прва помош, Спасување на вода и ракување со чамец и скутер на вода и Алпинистичко качување и спуштање со јаже.

Голема благодарност до организаторите кои максимално посветено и професионално ги изведоа обуките, како и за нивната гостопримливост.

На враќање од Србија на граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници беше побарано да интервенираме на пожарот кој се закануваше на самиот граничен премин. Поставивме линија од хидранска мрежа и интервениравме во координирана акција со Дирекција за заштита и спасување и по двата прелета на двата ер трактори со 100 постотна ефикасност нашата екипа се повлече од местото упатувајки се кон Кочани.

ДД „Кочани“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ