Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со тесничка организација на БК „Балканец“ од Штип, денес во „градот под Исарот“ се одржа годинешното „Државно првенство во борење слободен стил, за момчиња и девојчиња, пионери и пионерки У-15“.
Во конкуренција на околу 100 борачи од клубовите во македонија борачите на „Спартак“ се закитија со 6 медали од кои 1 златен 2 сребрени и еден бронзен во машка конкуренција, односно 1 сребрен и 1 бронзен во женска конкуренција.
Машка конкуренција:
Златен медал – Даријан Павлев во категорија до 68 килограми;
Сребрен медал: Едис Билалов во категорија до 48 килограми и Павел Темелков во категорија до 75 килограми
Бронзен медал:Џејсон Георгиев во категорија 57 килограми.
Во екипна конкуренција машката екипа на БК „Спартак“ го освои 4-тото место.
Женска конкуренција:
Сребрен медал: Стојана Митева во категорија до 54 килограми;
Бронзен медал: Атанасија Гушкова во категорија до 46 килограми.
Женската екипа на БК „Спартак“ во екипна конкуренција се пласираше на 3-тото место.
На Државното првенство Петар Богданов остана без пласман а Мартин Цветков не настапи поради одлуката од дежурниот лекар.
Борачите на „Спартак“ ги водеше тренерскиот двоец Иван Јанев и Александар Павлев, додека судија на душекот од Кочани беше Игор Христов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ