ОТВОРЕН XVI „САЕМ НА КНИГАТА“

ноември 7, 2022
1 минути

Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ денес и официјално започна 16 издание на „Саем на книгата“.

„Саемот на книгата се организира традиционално секоја година во склоп на Месецот на книгата. Претставени се петнаесет издавачки куќи од Македонија кои поголемиот дел од нив се долгогодишни соработници на нашата библиотека, а две издавачки куќи се нови“ истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на ЈОУБ „Искра“ – Кочани.

Во склоп на свечено отварање на саемот, беа доделени наградите на учениците од основните и средни ушилишта во општината кои зедоа учество на годинешниот литературниот конкурс „Нејзиното височество – книгата“.

„Саемот на книга е од голема важност, бидејќи преку него се афирмира пишаниот збор и со достапните најнови изданија издавачките куќи ја прават книгата достапна до читателите, граѓаните, учениците… Ова е добра можност посакуваните дела да се најдат на полиците на љубителите на пишаниот збор“ истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој воедно го отвори 16-тото издание на Саем на книгата.

Самиот саем ќе биде отворен до 12 Ноември (Сабота) а заинтересираните љубители на книгата истиот ќе можат да го посетуваат во периодот од 10:00 до 18:00 часот.

С. Ивановски