Меѓународниот турнир во борење „Венцислав Полизоев“ кој во саботата се одржа во Петрич (Бугарија) привлече околу 200 борачи од клубовите во Македонија, Бугарија, Грција и Молдавија.
Експедицијата на „Спартак“ – Кочани беше застапена со четири борачи а Игор христов беше еден од делителите на правдата на душекот.
Борачите на „Спартак“ дома се вратија со две медали и тоа бронзени, Даријан Павлев до 65 килограми и Јован Илијев до 55 килограми, додека останатите двајца Павел Темелков и Филип Јакимов останаа без пласман.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ