Кочани денес беше центар на борењето во Македонија. Имено во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“ денес во Кочани се одржа „Државното првенство во борење слободен стил за момчиња и девојчиња У-23“.
На првенството на кое се појавија 90 борачи екипата на „Спартак“ партиципираше со 4, кои по завршувањето на првенството освоија 2 трети места, 1 петто место и 1 борач остана без пласман.
Драган Горгиев во категоријата до 57 килограми и и Дамјан Крстов во категорија до 66 килограми се закитија со бронзените медали, Благоја Тасески во категоријата до 61 килограм беше 5, а додека во категоријата 79 килограми Бојан Гигов остана без пласман.
Во екипна конкуренција кај момчињата „Вардар“ го освои првото место, „Лирија“ беше втора а додека „Балканец“ заврши како трет.
Кај девојчињата првото место го освои „7-ми Мај“, второто „Балканец“ а третото „Вардар“.
Борачите на „Спартак“ ги водеше тренерскиот двоец Зоран Сребренов и Иван Јанев, а додека судии на душекот од Кочани беа Игор Христов и Гоце Ангелов.
На првенството присуствуваше и Претседателот на Боречката Федерација на Македонија Дејан Богданов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ