Екипата на Облешево е победник на годинешниот „Богородичен фудбалски турнир 2022“ откако во финалето во мошне интересен и неизвесен натпревар ја совладаа екипата на Чифлик со 1:0.
Во борба за третото место (мало финале) домаќинот на турнирот „Долни Подлог беше поуспешен од екипата на E-stone совладувајќи ја со 7:2.
И овој турнир покажа дека во околните населени места на Општините Кочани, Зрновци и Облешево Чешиново има доста добри и квалитетни млади играчи кои некој ќе треба да им обезбеди услови за да напредуваат.
Фотографиите се позајмени од страната на „Богородичен младински фудбалски турнир“
С. Ивановски