БЛАГОЈ СИТНОВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ШАХОВСКИ КЛУБ „КОЧАНИ“

Во Спорт
ноември 7, 2023
0 минути

По пауза од неколку години изминатата сабота Шаховскиот клуб „Кочани“ одржа Изборно Собрание на кое беа избрани новите тела кои ќе раководат со клубот во периодот што следува.

За нов Претседател е именуван Благој Ситновски а за Секретар Методи Кузманов. Никола Давитков е именуван за Технички секретар кој ќе биде одговорен за организација на претстојните турнири и другите настапи на клубот.

Избран е нов Извршен одбор кој брои пет члена а во Надзорниот Одбор се вклучени три члена.

Прва задача на новиот раководен тим на клубот е да обезбеди простории, а како што стојат работите тоа ќе бидат просториите во Градскиот Трговски Центар кои шахистите ги користеа пред пет години.

Инаку Благој Ситновски има работено во спортот. Имено тој заедно со Филип Ристевски кон крајот на минатиот век го презедоа раководењето на Фудбалскиот клуб „Младост“ од Оризари и за краток период го внесоа во Второлигашките води.

Љубителите на шахот во „градот на оризот“ се надеваат дека новите струи во клубот ќе допринесат клубот да се стабилизира и полека но сигурно шахот во Кочани да почне се враќа на старите патеки/

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ